Навикнати сме Светлана Цеца Ражнатовиќ да ја гледаме совршено дотерана и нашминкана, а сега покажа и како изгледа без шминка.
Српската фолк ѕвезда на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со сопственикот на телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, и тоа без трошка шминка на лицето.
Така покажа дека нема комплекси и дека е една од ретките ѕвезди кои не и е проблем да го покаже своето „вистинско лице“.
Дека изгледа подеднакво привлечно и во ова природно издание, без шминка и Фотошоп, се согласија и нејзините обожаватели кои и дадоа голем број комплименти.
– Совршена и без шминка- гласи еден од коментарите.