Вака изгледала Мерилин Монро додека работела во воена фабрика

Мерилин била типична девојка од ссоседството која работела во фабрика за оружје. Се додека не ја откриле едни фотографи…

Овие фотографии ја прикажуваат легендарната актерка Мерилин Монро во воената база во Van Nuys, Лос Анџелес пред да стигне до Холивуд. Фотографиите се од далечната 1944 година, а ги направил Дејвид Коновер за магазинот Yank, но и Првата единица подвижни фотографи кои сликале по налог на Роналд Реган.

Токму Коновер е заслужен за откривање на талентот на Мерилин. Поточно, кратко откако ја фотографирал во фабриката, фотографот Бил Карол му рекол дека бара девојка од соседството, а не модел при што Коновер ја препорачал Мерилин.

Интересно е тоа што Мерилин во моментот на фотографирањето работела на составување делови за првото беспилотно летало на светот OQ-2.

Вистинското име на Мерилин Монро е Норма Џен Мортенсон. Таа е најпознатата икона на 20 век. Поради мајка и која имала психички проблеми, таа често се селела во различни семејства, а на 11 години ја вдомила пријателка на мајка и, Грејс МекКи Годард, но ја напуштила 5 години подоцна кога се отселила со сопругот од Лос Анџелес. За да избегне враќање во сиропиталиште, Мерилин само неколку недели по 16 роденден се омажила за нејзин сосед, Џејмс Доерти.

s