Вака се перат пари… во Зимбабве

20100706__AFZimbabweMoneyLaundering1_VIEWERНа некои места американските долари се валкани пари. Всушност, толку валкани што мора да се перат. А под „перење“ не мислиме на она што обично се подразбира под „перење пари“. Вака се перат пари во Зимбабве.

На некои места американските долари се валкани пари. Всушност, толку валкани што мора да се перат. А под „перење“ не мислиме на она што обично се подразбира под „перење пари“. Вака се перат пари во Зимбабве.

20100706__AFZimbabweMoneyLaundering1_GALLERY

Бидејќи зимбабвеанските долари се речиси безвредни, американските долари се преферираат, а тие поминуваат низ многу раце. Всушност, банкнотите поминуваат низ толку многу раце што почнуваат да се распаѓаат, а бидејќи често се практикува тие да се носат во долната облека или во чевлите толку мирисаат што е речиси невозможно да се користат.

Така луѓето во Зимбабве дошле до решение за овој секојдневен проблем и почнале да ги перат банкнотите на рака или во машина за перење и да ги сушат закачени на штипки покрај чаршавите и останатата облека. Ова се покажало како најдоброто решение – покрај користењето гумени ракавици и средства за дезинфекција – на континент каде американскиот долар е во употреба долго време и каде банкнотите од 1, 2, 5 и 10 долари циркулираат многу подолго одошто била намерата на нивните издавачи.

20100706__AFZimbabweMoneyLaundering2_GALLERY
20100706__AFZimbabweMoneyLaundering3_GALLERY
20100706__AFZimbabweMoneyLaundering4_GALLERY
20100706__AFZimbabweMoneyLaundering5_GALLERY

Препорачаниот метод за перење пари е на рака и во топла вода, но машините за перење исто така се користат. Оние кои пробале не препорачуваат хемиско чистење, бидејќи тоа предизвикува бледнеење на бојата на банкнотите. [Zimbabweans wash dirty US dollars with soap, water]

- Реклама -