Вакцина за кокаинските зависници

Повеќе...Фармаколошките истражувачи развиваат вакцина којa треба да ги намали ефектите на задоволство на кокаинот. Лекот е со цел да им помогне на кокаинските зависници поуспешно да се рахабилитираат.


3988399360_a896369153Фармаколошките истражувачи развиваат вакцина којa треба да ги намали ефектите на задоволство на кокаинот. Лекот е со цел да им помогне на кокаинските зависници поуспешно да се рахабилитираат.

Вакцината сама по себе не ги уништува кокаинските молекули, туку ослободува антитела кои се врзуваат за нив, предизвикувајќи опијатот да ја изгуби способноста да помине преку бариерата крв-мозок, а со тоа оневозможувајќи го неговото дејство. 

За да ја тестираат ефикасноста на оваа вакцина кај луѓето, истражувачите направија испитување врз 94 субјекти на метадонска терапија кои редовно користеле кокаин. Една од трите групи добивала плацибо, другата – мала количина од вакцината, а третата – поголема доза во тек на 12 недели.

Кај повеќе од половина од испитаниците (53%) од групата која добивала големи количини од вакцината се забележало подобрување за помалку од половина од времетраењето на пробниот период. [New Vaccine May Immunize Addicts from Cocaine’s Pleasurable Effects]

- Реклама -