Меѓу многуте кандидати на X Factora се најде и посебната Вања Мишиќ која со својата емотивна изведба ги допре срцата на жирито.
Вања Мишиќ, млада девојка од Бања Лука на српскиот X Factora настапи самоуверено и се претстави со песна на Натали Диџар „Некој друг ден“.
Со својата емотивна изведба ги допре срцата на судиите кои едногласно ја пуштија понатака.
Црвенокосата Вања, кој има 20 години, особено ја воодушеви Кристина Ковач од жирито. „Ова го велам само затоа што го мислам- ти си балканска Нора Џонс. Имаш нешто нежно во твојот глас„, рекла за неа.
Како Вања пее, видете и вие на видеото!