ВАР судиите од дербито помеѓу Сити и Јунајтед се суспендирани

Не стивнува бурата околу манчестерското дерби. Судиското тело на Премиер лигата призна дека единствениот гол со кој Сити победи требало да биде поништен, а најголеми забелешки има на сметка на ВАР-судиите.

Главната замерка е тоа што требало да го повикаат Мајкл Оливер на консултација. Имено, судиите од ВАР-собата се концентрирале само на тоа да утврдат дали Енцо Фернандез ја допрел топката, а не и на неговото потенцијално влијание врз акцијата, кое според судиското тело на Премиер лигата било очигледно.

Поради тоа, ВАР-екипата во состав Мет Донахју и Блејк Ентробас нема да суди претстојниот викенд. Секако, најмногу се зборува за голот, но тоа не е единствената спорна ситуација. Доста се дискутира и за црвениот картон на Фил Фоден. Иако тој го шутна капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш, Португалецот претходно го закачи англискиот репрезентативец, поради што се смета дека и тој требало да добие картон.