Вардар се пласираше во финалето на турнирот „Струга 2024“


Ракометниот клуб Вардар се пласираше во финалето на 52. издание на турнирот „Струга 2024“ откако го совладаа Ескилстуна Гуиф во полуфиналето со 31:18.

Избраниците на Владо Недановски не му дадоа никаква шанса на шведскиот тим и со убедливо издание си го трасираа патот до мечот за трофејот.

Маргели со седум гола беше прв стрелец на Вардар, Ќоевски постигна пет, додека голманите Гогов и Еспиња собраа вкупно 11 успешни интервенции.

Противник на „црвено-црните“ ќе им биде подобриот од мечот помеѓу ПАОК и Пелистер.

- Реклама -