Вчеравечер во Гостивар приведени 6 лица

СВР Тетово информира дека вчера (25 септември) во периодот од 19.00 до 21.00 часот на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Л.В.(34), Е.Д.(24), И.С.(55), Л.Б.(62), В.Б.(30) и  Д.Б.(57) сите од Република Албанија, кои непријавено престојувале на територијата на Македонија.

Полицијата наведува дека тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Извор