Вдовицата на Робин Вилијамс ја откри причината за неговото самоубиство

Кога актерот Робин Вилијамс си го одзеде животот лани, поводот за овој чекор збуни многумина кои веруваа дека најнасмеаниот актер во Холивуд немал причина да се казни на таков начин.

После година од смртта, неговата вдовица Сузан Шнајдер ја откри причината за тажниот настан.

robinWilliams_3003215k

Сузан откри дека Робин не го убила депресијата за која се зборуваше дека е главна причина за самоубиството, туку помислата дека боледува од деменција – болест слична на Алцхајмеровата.

 – Не е депресијата она што го уби Робин. Депресијата е само еден од 50-те симптоми и тоа многу мал. Докторите одлично ја завршија својата работа, но болеста беше побрза и поголема од нас, наведе Сузан.

Таа исто нагласи дека имала еден разговор со доктор кој и ги отворил очите по повод смртта на Робин.

-Докторот ми рече дека Робин бил свесен дека му се ближи крајот и не можел да направи ништо по тој повод. Се молам за луѓето кои боледуваат од оваа болест и се надевам дека успешно ќе се борат, бидејќи ние не знаевме… ни тој не знаеше, заклучи Сузан.

- Реклама -