Вечен океан (видео)

струиЕдно од најпознатите дела на Винсент ван Гог е Ѕвездена Ноќ, во кое ѕвездите се претставени како огромни бели вртлози. Но сè што може да направи еден од најдобрите уметници природата може да го направи подобро.


струиКога NASA составиле визуелизација на површинските океански струи во целиот свет резултатот потсетувал на сликата од 1889 година. Визуелизацијата била создадена со помош на модел кој агенцијата го нарекла ‘Estimating the Circulation and Climate of the Ocean, Phase II’ – или ECCO2. Моделот е базиран на струите од јуни 2005 до декември 2007 година.

{youtube}WEe1bVjORN4{/youtube}

Од NASA изјавиле: „ECCO2 е модел на глобалниот океан и морски мраз со висока резолуција. ECCO2 моделот ги симулира океанските струи на сите длабочини но во оваа визуелизација се искористени само површинските струи.“
струиструи

- Реклама -