На платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утре (7 август ) од 20:00 часот ќе се одржи Вечер на унгарски песни и танци.
На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода од Баја (Унгарија)
Концертот е во организација на Центарот за култура, во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.