Американската ракетна компанија SpaceX на Илон Маск, вечерва ќе ја лансира својата прва рециклирана (читај: веќе употребена) ракета.
Според планот, ако времето ги задоволува стандардите за лансирање, ракетата ќе биде лансирана во 18:27 часот по локално време, од Cape Canaveral на Флорида. Ќе носи комуникациски сателит на компанијата SES во далечната орбита.
Целта е да се релансира и да се врати долната половина од 70-метарската Falcon 9 ракета, која моментално се наоѓа на лансирната рампа на НАСА. Всушност се работи за таканаречен first-stage booster, т.е. делот од ракетата кој служи за да ѝ го даде потребното забрзување.
Тој ист бустер SpaceX го користеше и на 8 април 2016-та година, кога помогна да достави сателит во орбитата, се врати на Земјата, се исправи, и самиот слета на платформен брод во Атлантскиот океан.
Тоа е всушност многу необично: Речиси сите ракетни делови на денешницата обично паѓаат во океанот по лансирање, тонат на дното и таму остануваат. Еден бустер – кој е и најскапиот дел од дводелните ракети – може да чини десетици милиони долари.
Гвин Шотвел – извршен директор на SpaceX, вели дека реупотребата на ракетни бустери може да им овозможи на нивните клиенти околу 30% поевтино лансирање на што и да е со Falcon 9 ракета, кое обично чини 62 милиони долари.
Орбиталниот ракетен систем на SpaceX и во моментов е најевтиниот во светот, но таквото намалување на цената може да значи многу, за целото човештво.
„Ова има потенцијал да биде револуционерно“, вели Џон Логсдон – експерт за вселенски полиси.
Вели потенцијално, затоа што иако SpaceX ги собираше своите искористени ракетни бустери, сé уште нема ре-лансирано и одново слетано ниту еден од нив. А тоа може да се смени денес.