Вечерва на сцената на МНТ, ќе настапи Драмата од Словенечкото народно гледалиште од Марибор со монодрамата „Безгрешна”.

Вечерва, во 20 часот, Македонскиот народен театар ќе го угости Драмата од Словенечкото народно гледалиште од Марибор со монодрамата „Безгрешна“. Ова сценско остварување е инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на извонредниот режисер Томаж Пандур, кој прерано ја напушти сцената.

Гостувањето е дел од прославата на 81-годишнината на МНТ, во рамки на која театарот бележи значајни моменти од своето постоење.

Претставата ја раскажува приказната за Марија, Мајката Божја, која во оваа адаптација добива поинтимен и поблизок лик. Во своите осаменички исповести, Марија ја дели својата вистина за настаните што го промениле светот, преиспитувајќи ги клучните идеи. Чрез ова преиспитување, тие идеи остануваат живи, бидејќи според авторите, тие умираат ако не се предизвикуваат.

Во улогата на Марија ќе настапи Наташа Матјашец Рошкер, а текстот е адаптиран од Ливија и Томаж Пандур.

Рошкер изрази задоволство од формата на монодрамата: „Ништо не ме заплашува во овој формат. Ова ми е четврта монодрама и секогаш успевам да создадам посебна врска со публиката, што ја прави изведбата исклучителна. Ова беше и моето прво искуство со Томаж Пандур; двете бевме подготвени за ваква соработка, што ја направи нашата прва средба интензивна“, вели таа.

„Безгрешна“ досега освои бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка за Рошкер на фестивалот „Мителфест“ во Италија, 2021 година.

Во контекст на својата уметност, Пандур рече: „Страсно верувам во моќта на театарот, а секое мое дело претставува архетип на ритуал.“ Тој остави длабока трага во словенечкиот и светскиот театар, создавајќи иновативни уметнички дела, кои испитуваат релации помеѓу човечкото и божественото.

Прочитајте и:  (Фото) Итна реакција на пожарникарите од Струмица – изгаснат пожар на суви треви кај Дабиле

„Со својата глобална визија, Пандур ја изрази волјата за откривање на вистината и смислата на животот, каде зад тишината секогаш се кријат имагинацијата и убавината“, истакнуваат Ливија Пандур и Бранко Јордан, важни фигури во театралната сцена.

Во фокусот на „Безгрешна“ е Марија, која историјата ја претвора во знак, догма и инструмент на верата. Нејзината потрага по смисла е обележана од рани, кои никогаш не можат да зараснат, додека таа се обидува да се сети на зборови и лица поврзани со смртта на нејзиниот син. Претставата ја прикажува Марија како вистинска жена, избришана од историјата и злоупотребена од религијата, но и како фигура која со тишина и сомнеж отвора длабоки прашања за верата, загубата и човечката болка.

„Ако олтарот е местото каде што клечиме, тогаш мојот олтар е сцената“, вели Ливија Пандур, гледајќи на „Безгрешна“ како на длабоко личен актерски акт, посветен на Томаж Пандур.

„Безгрешна“ презентирала значајни меѓународни настапи, вклучувајќи Театро Еспањол во Мадрид, Конхунто де Артес во Гвадалахара, како и бројни фестивали во Италија, Москва и Будимпешта.

Билетите за интересната претстава можат да се набават онлајн или на билетарницата на МНТ.