Малата и неверојатно убава Кристина Пименова има ангелско лице. Таа има девет години и живее во Москва. Ја практикува професијата на модел за деца од четиригодишна возраст. Со своите неверојатно сини очи и ангелски изглед, Кристина веќе ги маѓепса сите важни и познати модни имиња.
Па не е чудо што Кристина веќе била на насловната страница на престижното Vogue Bambini. Таа имала модна соработката со најголемите дизајнерски имиња како Roberto Cavalli и Benetton. Освен тоа 2 милиони луѓе во светот, сметаат дека таа е најубавото дете на планетата – толкав е бројот на нејзините обожаватели на социјалните мрежи.
Иако добива покани од секакви детски натпревари за убавина, досега нејзините родители не и дозволуваат да учествува во нив. Тие сметаат дека детето не смее да стане жртва на болни амбиции од толку рана возраст.
Кристина сепак нема ништо против да се фотографира во модни фотосесии и тврди дека и се допаѓа да го прави тоа. Генијалците во индустријата предвидуваат неверојатна иднина.