Велес: Таксистите на ризик – Брзата помош не може да постигне, заразените во болница одат со такси

Во периодов, велешките таксисти се едни од најизложените на ризик од зараза со коронавирусот, затоа што болните од коронавирусот се приморани и ги користат такси-услугите за да стигнат до болница, предупредува велешкиот градоначалник Аце Коцевски. Причината, како што посочи денеска по седницата на Општинскиот кризен штаб, е напливот на пациенти сомнителни на Ковид-19 и, како резултат, презафатеноста на Брзата помош.

„Во болницата доаѓаат сè потешки здравствени случаи. Службата за итна помош поради зголемениот обем на работа не може да престигне да ги пренесе сите случаи, позитивни или сомнителни, па дел од нив во отсуство на друг превоз користат такси услуги и затоа таксистите се најмногу изложени на закана од заразата овие денови“, рече Коцевски и додаде дека се бара решение како да се сопре оваа состојба, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Повеќе за состојбата во Велес, ТУКА.

 

- Реклама -