Венето и Ломбардија бараат поголема автономија

Италијанските области Венето и Ломбардија вчера излегоа на референдум за поголема автономија и помала контрола од централната власт.

Во областа Ломбардија „за“ се изјасниле околу 95% од жителите, додека во Венето околѕ 98%.

Овие референдуми не се обврзувачки, но преку истите може да се види желбата на жителите на Венето и Ломбардија да живеат во што поавтономна област. Локалните власти бараат поголеми и послободни овластувања во поглед на безбедноста, заштитата на животната средина и образованието.

За разлика од актуелната ситуација во Шпанија, во Италија не се бара самостојност на областите, туку поголема комуникација со централната власт и поголеми овластувања во врска со значајните регионални прашања.

- Реклама -