Пејачот Џастин Тимберлејк викендов ја прослави својата веридба со актеката Џесика Бил. Тие направија голема забава во куќата на Есте Стенли, долгогодишен пријател на Џастин.
На забавата покрај роднините на двојката, присустваа и Ејми Адамс, Трејси Алаја, Елен Деџенерс со нејзината жена Поршија де Роси, како и членовите на поранешната група на Тимберлејк, NSYNC.
Списанието „УС викли“ цитира анонимен извор кој вели дека Џесика и Џастин изгледале многу среќно.
– Меѓу нив постои посебна врска, посебно пријателство. Се гледа дека тие се долго заедно и си ги познаваат семејствата и пријателите. Прославата беше навистина забавна и јасно е дека и нивната свадба ќе биде одлична – изјавил изворот за „УС викли“.