Ви се допаѓа песната од Шакира и Ријана? Слушнете ја пародијата

Не може да се одрече дека освен певливата мелодија, голема заслуга за популарноста на заедничката песна на Шакира и Ријана, Can’t Remember to Forget You, имаше и видеото, во кое тие две изгледаат неверојатно секси. Но, освен неоспорливата убавина на двете пејачки, многумина имаа коментар и за експлицитните сцени со кои спотот за песната изобилува.

И токму ова не можеше да го остави рамнодушен ниту тимот на комичниот ЈуТуб канал „Barely Political“, чија главна преокупација се снимање на пародии на популарните хитови. Сепак, и покрај секси сцените, тие решија главниот акцент на приказната да го стават на гласовните способности со кои се прослави Шакира, а за кои девојките од „Barely Political“ имаат необична теорија.

Пародијата за само три недели стана вистински вирален хит, и доби повеќе од 4 милиони прегледи.

- Реклама -