Виц: Кафаната и тројцата браќа

Еден маж редовно доаѓал во кафана и нарачувал три ракии секој ден.

Келнерот после неколку дена го прашал зошто нарачува три чаши одеднаш, а не една по една?

– Имам двајца браќа кои живеат во странство, па се договоривме така секојдневно да наздравуваме еден за друг.

Мажот продолжи да доаѓа и редовно да го нарачува истото, се додека еден ден не дошол и побарал две ракии.

Келнерот малку се загрижил и несигурно го прашал:

– Дали е се во ред? Зошто две ракии, а не  три како и секогаш, да не се случило нешто?

Човекот на тоа со мирен глас рекол:

– Ма се е во ред, само јас го оставив алкохолот.

- Реклама -