Виц: Пензионерски петок

Се шетале двајца пензионери во петок по улица, кога гледаат полицаец покрај автомобилот…

– Што правиш бе глупав, викнал пензионерот.

– На кого бе ти глупв, се изнервирал полицаецот. Пишувам казна за неправилно паркирање.

– Нема што да пишуваш тука, добро сум си паркиран и за кратко бевме излезени.

Тогаш полицаецот се изнервирал:

– Така ли, твој ли е автомобилов? Сега ќе видиш…

Врз казната за неправилно паркирање ставил уште една за навреда на полицаец.

– Сега пак ли ќе навредуваш? Бегај од тука додека не сум ти пишал уште една казна.

Полицаецот нервозен заминал од местото, а двајцата пензионери смеејќи се си продолжиле по патот, притоа по неколку часа,  оставајќи го вистинскиот сопственик на автомобилот со зината уста.

- Реклама -