Доказ за тоа дека жените може да бидат многу духовити е еден форум на кој се собрани жени на различни возрасти и на кој секоја од нив напишала по еден виц за мажите. Не станува збор за навредлива содржина туку за здрава доза на хумор само за жени
Немојте да се занесувате дека можете нешто да смените на мажите, освен ако носат пелени!
Секогаш избирај помлад маж. И онака никогаш нема да созрее!
Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи се водат според мотото „Направи сам“!
Љубовта е слепа, но бракот е искуство што ги отвора очите!
Запамти дека за него да имаш смисла за хумор не значи да кажуваш вицови, туку да се смееш на неговите!
Што имаат заедничко годишнината од брак и ВЦ шолјата? Мажите секогаш ги промашуваат!
Зошто мажите не перат алишта? Зошто машината не работи на далечинско!
Кој е единствениот начин да натераш маж да го запати датумот на годишнината од бракот? Да се земете на денот на неговиот роденден!