Видеа од аудициите на Де Ниро за „Кум“, Хју Џекмен за Волверин…

Пред да заблескаат на големото платно, холивудските ѕвезди морале да се пријават на аудиција и покрај големата конкуренција да го убедат жирито дека се совршени за улогата. Погледнете ги овие ретки видео снимки од аудициите на холивудските ѕвезди за улогите што ги прославиле.

1.Роберт Де Ниро на аудицијата за „Кум“
Малкумина знаат дека Роберт де Ниро бил на аудиција за ликот на Сони Корлеоне, најстариот син на Вит Корлеоне. Тогаш непознатиот бродвејски актер не ја добил улогата на Сони, но во вториот дел на филмот го глумеше помладиот Дон Корлеоне.

2.Натали Портман на аудиција за „Леон: Професионалецот“
Натали Портман на 12 годишна возраст во 1993 година просто ги воодушевила сите на аудицијата за ликот на Матилда, девојче кое го освои срцето на убиецот Леон (Жан Рено).

http://youtu.be/JhRW8J3gTuo

3.Меган фокс на аудицијата за „Трансформери“
Иако е сосема сигурно дека атрактивната актерка привлече повеќе фанови со својот изглед, нејзината глума на аудицијата за првиот филм за „Трансформерите“ била доволна да ја добие улогата.

http://youtu.be/tr4etvalGvc

4.Хју Џекмен на аудицијата за Волверин
За улогата во мјузиклот „Клетници“ оваа година беше номиниран за Оскар, но пред улогата на Волверин во „Икс-мен“ серијалот ретко кој знаеше за Хју Џекмен, а вака изгледаше аудицијата што му донесе слава

5.Жерард Батлер како Дракула
Повеќето од нас сме навикнати да го гледаме Жерард Батлер како мачо кој ги освојува срцата на жените или ги убива противниците. Во ова видео може да го видите со маскара за улогата на Дракула

http://youtu.be/YuHcdC0Fy_M

- Реклама -