ВИДЕО: 40 години ја држи раката крената за мир во светот

Амар Бхарати се има откажано од овоземскиот, удобен и секојдневен живот, а наместо тоа се има посветено на хинду божеството Шива. Шива, ака. Големото Божество, е едно од трите најголеми божества во Индија, заедно со Брама и Вишна, и заедно го претставуваат светото тројство во хиндуизмот.

Како дел од неговата посветеност кон „божјото“, Бхарати 40 години ја држи раката крената во име на светскиот мир. Вели дека тоа претставува постојан поздрав и протест против насилството во светот.

Мускулите на раката му се потполно атрофирани, а ноктите му се огромни и закривени. Сепак, неговиот чин постана симбол на верата, а другите хиндуистички монаси се угледуваат на него.

- Реклама -