(ВИДЕО) Американски и руски воен брод се доближиле на 15 метри, САД и Русија меѓусебно се обвинуваат

Руски и американски воен брод за малку ќе се судреле во западниот Тихи океан. Русија и САД меѓусебно се обвинуваат за тоа кој бил виновен за инцидентот, пренесуваат светските агенции.

Руската пацифичка флота обвинува дека во раните утрински часови крстосувачот USS Chancellorsville одеднаш го сменил курсот и му го пресекол патот на разорувачот „Адмирал Виноградов“ на само 50 метри пред него, поради што рускиот брод морал да изведе „итни маневри“ за да го избегне судирот.

Наредникот на американската флота – Клејтон Дос, од друга страна, критикуваше дека Русите се непрофесионални и не може да им се верува, истакнувајќи дека нивниот разорувач извел „небезбеден и непрофесионален маневар во Филипинското море“ против USS Chancellorsville, нарекувајќи ги руските обвинувања „пропаганда“.

Прочитајте и:  Блинкен: Продолжуваме да ја зголемуваме помошта за Украина, таа се бори за принципите на мирот и стабилноста - за сите нас

Според Американците, пак, рускиот „Адмирал Виноградов“, модел Udaloy I, направил „небезбедно и непрофесионално доближување“ одзади од бочната страна на само 15 до 30 метри од нивниот USS Chancellorsvillea. Американскиот брод чекал да слета негов хеликоптер, но поради рускиот брод морал да ги вклучи сите мотори во рикверц, за да избегне судир.

Американската морнарица објави и снимки од „блиската средба“, а во меѓувреме фотографија од воздух (на почеток на текстов) објави и кореспондентката на CNN за Пентагон – Барбара Стар. Рускиот уништувач е на левата, а американскиот крстосувач на десната страна на сликата.

- Реклама -