(Видео) Белата куќа: Трамп наредил напад врз Иран поради „добро чувство“

Американскиот претседател Доналд Трамп донел одлука за напад врз Иран во уверение дека иранскиот режим подготвува атака на САД. Ова го изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Според неа, Трамп се нашол пред важен избор: дали да реагира со воени сили и прв да ја отстрани заканата или да чека Иран да удри први.

„Претседателот имаше дилема: дали ќе се искористат воените способности на САД за прво да се спречи заканата, која веќе 47 години ги загрозува нашата земја, или ќе остане пасивен и ќе дозволи иранскиот режим да ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, нагласи Левит. Таа додаде дека за Трамп, неактивноста била „неприфатлива“, што ја поттикнало неговата одлука за старт на воената операција.

Прочитајте и:  САД бараат од Иран целосен пристап до нуклеарните резерви и инсталации

Според Белата куќа, моментот на нападот е утврден врз основа на разузнавачки информации за локацијата на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи и други важни фигури од режимот. „Ова, несомнено, влијаеше на времето на операцијата, но не и на самиот избор на претседателот“, дополни Левит.