ВИДЕО: Британските научници пратија пита со месо во вселената

Неделава, една британска научничка хоби-група од Шефилд, која се нарекува SentIntoSpace, реши да испрати пита со месо во вселената.

„Сакавме да видиме дали висината влијае на молекуларната структура на питата“, велат тие, макар што со оглед на тоа дека питата беше лансирана од пред локален паб, причината не ќе да е толку сериозна. Всушност се работи за локалниот натпревар во јадење пити, а овој подвиг е во насока истиот да се промовира, и евентуално – ако се покаже некаква молекуларна промена – питите да се направат полесни за голтање.

Како и да е, питата полета, стигна до некаде 45.720 метри во стратосферата, па падна назад на Земјата. До вселената не стигна.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Како и да е, целото патување го има на видео:

- Реклама -