(Vидео) Чиновници од Владата на СДСМ осомничени за пренос на марихуана од Македонија кон Србија

Функционери од Владата на СДСМ се вклучени во истрага за пренос на марихуана од Македонија кон Србија, откако беа откриени четири тони. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој одби да открие дополнителни информации поради чувствителноста на случајот.

„Во интерес на истрагата, не ќе одам чекор напред. Она што можев да го кажам досега, го потенцирав. Има функционери, но од претходната Влада, како и компанија во сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново село, односно неговиот син“, изјави Мицкоски.

По поднесената кривична пријава, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои се основано сомнева дека извршиле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Прочитајте и:  Уапсени тројца мажи и тројца полицајци по исчезнувањето на маж во Белград.

Истражната постапка се базира на докази собрани од документацијата доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од податоци од предмет оформен во Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија, добиени преку меѓународна правна помош.