(Видео) Деца вандали ги превртувале контејнерите и уништувале опрема во Аеродром: ова го правеле два дена по ред

Два дена по ред, околу 22:30 часот, група млади лица на мотори извршила вандалски чин во училишниот двор во општина Аеродром, предизвикувајќи штета на јавниот простор што е наменет за учениците и жителите. Според информации од општинските власти, лицата превртувале контејнери, оштетувале урбана опрема и оставиле неред во дворот. Надлежните органи информираа дека сторителите се идентификувани и против нив е поднесена соодветна пријава. Од општината истакнуваат дека вакви случаи на вандализам се забележани и на други локации, каде што ситуацијата е слична.