(Видео) Девет лица се во критична состојба по судир на два патнички воза во Англија

Девет лица се во критична состојба по судирот на два патнички воза што се случи синоќа во близина на Бедфорд, на околу 90 километри северно од Лондон. При несреќата загина еден машиновозач, а десетици патници претрпеа повреди.

Британската транспортна полиција соопшти дека во болница се хоспитализирани 28 лица, од кои девет се во критична состојба. Според информациите од Итната медицинска служба на Источна Англија, 11 лица имаат многу тешки повреди, 32 се со потешки повреди, додека дополнителни 57 лица поминаа низ различни медицински прегледи.