ВИДЕО: Еве каде ви одел „тонерот“ од инк-џет принтерот

Еден ден едно човече си го уклучило принтерот. Му покажал ова: „Потребна е замена на внатрешните делови од принтерот. Контактирај го сервисниот центар“.

Човечево се распрашало наоколу, и испаднало дека поевтино ќе му биде да си купи нов инкџет принтер, отколку да го носи на сервис. Па решил, сам ќе му прави сервис.

Истражувајќи со таа умисла, открил дека инкџет принтерите имаат посебен резервоар за „вишок мастило“. Неговиов бил полн.

Потоа открил дека овој резервоар се наоѓа под главата за принтање. И дека единствен начин принтерот да ги прочисти каналите за мастило е да исшприца од достапното мастило низ нив. И дека тоа го прави во големи количини, дури и без ваше одобрување.

Колку мастило ќе најде човечево во тој резервоар? Според него, од четвртина до половина од сето употребено мастило отишло фира. Погледнете го видеото, и ќе се уверите.

Моделот не е битен. Сите се такви. Не е некаква теорија на заговор, туку едноставно нефункционален дизајн за кој производителите не сакале да знаете.

- Реклама -