На социјалните мрежи се појави видео на кое, според информациите, се гледа лице од комуналната хигиена на Гази Баба како истура отпад од корпа на тревникот зад паркирано возило. Во описот на видеото се вели: „Срамота, Комунална хигиена Гази Баба, правите дива депонија!“ Оваа објава предизвика бурни реакции и критики од граѓаните, кои побараа надлежните институции да го истражат случајот. До моментот нема официјално соопштение од општинските служби.




