Видео игрите водат кон зголемена тежина

игриТинејџерите имаат тенденција да јадат повеќе по играњето видео игри, што ги засилува грижите дека игрите при кои се седи придонесуваат повеќе кон дебелеењето отколку што експертите претходно мислеле. Истражувачот Жан-Филип Шапу од Универзитетот од Отава ги споредил навиките на јадење кај тинејџерите кои го поминувале времето играјќи видео игри со оние на група која го минала времето одморајќи.

Тие откриле дека во просек при јадењето по играње, оние тинејџери кои играле внеле 163 калории повеќе. Тинејџерите кои еден час седеле и одмарале потрошиле исто толку калории како и оние кои седеле и играле видео игри. „Забележавме дека учесниците јаделе значително повеќе по играњето видео игри“ изјавил Шапу. „Видео игрите се полоши отколку само седење.“

Не само што при играњето видео игри се седи, туку истите промовираат и преголемо конзумирање на храна и тој предупредува дека потенцијалните последици по здравјето најверојатно се поголеми отколку што неговата студија открила. „Во студијата на учесниците им дадовме храна само по играњето видео игри, но во реалноста знаеме дека тинејџерите јадат и додека играат и најверојатно играат повеќе од само еден час“ додал тој.
 
Тинејџерите кои поминуваат повеќе време на сметка на спиење имаат двојно повисок ризик од здебелување, бидејќи недостигот на сон исто така придонесува кон дебелеењето. Шапу во претходна студија открил дека луѓето кои добиле 45 минтуи работа со седење не потрошиле повеќе калории од оние кои одмарале со седење 45 минути. Но, првата група внеле 230 калории по лице повеќе од оние кои одмарале кога добиле шанса да јадат по завршувањето на работата.

Прочитајте и:  По најавата за царини, Канада го потсети Трамп дека земјата има „суштинска улога во снабдување на САД со енергетски ресурси“

Тие исто така покажале значително повисоки нивоа на кортизол, хормон поврзан со стрес и зголемено чувство на глад. „Значи кога се однесува до внес на храна, мислењето е полошо отколку одморањето. Ние бевме доста изненадени од тоа.“ Оние кои играле видео игри во најновата студија на Шапу не покажале ниеден од биолошките индикатори за стрес, што би можело да го објасни зголеменото количество на изедена храна.

Тинејџерите кои играле видео игри внеле повеќе калории на начин сличен како кај луѓето кои гледаат телевизија, што наведува кон постоење на друг механизам покрај стрес кој води кон зголемено јадење кај гејмерите. „Гејмерите и луѓето кои гледаат телевизија внесуваат повеќе калории во одсуство на глад.“ Шапу предупредил дека дури и мала разлика помеѓу потрошената и внесената енергија може да води кон значително зголемување на телесната тежина.

„Дури и само 50 калории на ден можат да се претворат во килограми по неколку месеци“ додал тој. „Значи повеќе од 100 дополнителни калории дневно нема да бидат добри за вас.” Следно Шапу планира да ги проучува видео игрите со активно учество за да види дали тинејџерите кои играат физички игри внесуваат повеќе калории отколку што согоруваат. [Teens who play video games tend to eat more, Canadian study finds]

- Реклама -