ВИДЕО: Јанева пристигна во Обвинителството, отсуствуваше елеганцијата и гордото држење на Боки 13

Фото: МКД.мк

Јанева пристигна на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ден откако Боки 13 за првпат од своето апсење беше повикан да даде исказ. На Јанева ова ѝ е второ соочување со обвинителката Вилма Русковска. Првиот пат отиде во улога на сведок, ден пред да биде приведена.

Јанева, за разлика од Боки 13, не изгледаше толку елегантно, а беше и помалку вешта во криењето од објективите. Кај неа отсуствуваше и гордоста и кренатата глава со која вчера Јовановски се појави во Обвинителството (Видеото погледнете го на „ТВ21“).

Како што најави вчера Обвинителството, денеска и Јанева ќе добие известување дека истрагата за „Рекет“ е завршена. Останува неизвесно дали таа ќе даде исказ или ќе избере да молчи, како што направи Боки 13, со образложение дека тој и неговиот адвокат Сашо Дуковски не ги виделе доказите. Случајот со Јанева е поинаков, како што објасни Русковска за „Телма“, бидејќи за разлика од Дуковски, адвокатката на Јанева – Ирена Фрчкоска, веднаш побарала и извршила увид во доказите.

- Реклама -