Нормално, гумите со тек на време се трошат, а бидејќи се клучни за безбедноста на возилото, треба да ги менувате најдоцна кога длабочината на профилот ќе се намали под 4 милиметри.
Но тука стапуваат на сцена измамниците. Некои од нив ги „ребраздираат“ старите гуми со отстранување на површинскиот слој и продлабочување на шарите, така правејќи гумата да изгледа како нова. Потоа така и ја продаваат, како нова, притоа загрозувајќи ја безбедноста на сите во возилото што ќе ја користи, бидејќи во суштина од излижана гума извадиле дополнителна количина гума. Така обработената гума е склона на пукање, дури и од помал камен при малку поголема брзина.
Процесот e наречен „regrooving“ и е веќе стара пракса. Со оглед на тоа колку е ризично, веројатно нема многу будали што ќе се дрзнат да ви продадат ваква „нова“ гума. Ама и од тие малку треба да се пазите. Затоа, внимавајте од каде и какви гуми купувате.
(видеото нема thumbnail слика, ама океј си е)
https://youtu.be/swDswgNMJ8c