ВИДЕО: Маж со Паркинсонова болест, пред и по марихуана

Лери Смит е поранешен полицаец од Јужна Дакота, САД. Има Паркинсонова болест веќе 20 години, која предизвикува сериозна дискинезија (неконтролирани движења), тресење и губење на гласот.

Видеово е извадок од документарецот Ride With Larry, во кој камерата ги следи обидите на Лери да ја подигне свеста за неговата болест додека патува низ САД со трицикл. Приказната на Лери привлекува големо внимание во медиумите и на друштвените мрежи, а има и зошто.

Еве го Смит кога за прв пат зема медицинска марихуана. Става капка масло од канабис под јазикот, по што сé се менува. Неговите неволни движења престануваат, може да зборува нормално, и е многу мирен. Просто е неверојатно. За жал, канабисот сé уште не е легално достапен во Јужна Дакота, дури ни за медицински цели. Што го мотивира Лери да се бори уште пожестоко.

Ѕирнете.

https://youtu.be/9MVAfpZcEj4

- Реклама -