Фудбалерите на Хал Сити по деветгодишна пауза повторно стигнаа до Премиер лигата.
Тимот направи вистинска сензација, победувајќи го фаворизираниот Мидлсбро со 1:0 во финалето на плејофот на „Вембли“, со гол кој го постигна Оли Мекберни во 95-та минута.
Покрај враќањето во елитниот ранг на англискиот фудбал, овој успех му обезбедува на клубот значителни финансиски приходи, проценети на околу 231 милион евра, благодарение на новиот договор за телевизиски права.
Тимот, предводен од Сергеј Јакировиќ, се врати во Премиер лигата по прв пат од 2017 година.
Пред Хал, пласман во Премиер лигата изборија Ковентри и Ипсвич.




