Арсенал извојува значајна победа на гостувањето кај Лестер, триумфирајќи со 2:0 во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. Со оваа победа, Арсенал привремено ја намали разликата во однос на лидерот на табелата, Ливерпул, и сега има четири поени помалку, но и одигран натпревар повеќе по сè уште некомплетното 25. коло.
На „Кинг Пауер“ во Лестер, тимот на Микел Артета не одигра блескаво, особено во првото полувреме, но сепак успеа да го скрши отпорот на домаќинот, кој останува во опасната зона, на 18. место со само 17 освоени бодови.
Клучниот момент на натпреварот го донесоа резервистите, пред сè Микел Мерино. Шпанскиот играч влезе во 69. минута,а само 12 минути подоцна го постигна водечкиот гол за Арсенал.Во 87. минута, Мерино повторно се запиша во листата на стрелците, потврдувајќи ја победата на „топчиите“.
Со оваа победа, Арсенал останува во трката за титулата, но и понатаму ќе мора да внимава на грешките, со оглед на тоа што Ливерпул и Манчестер Сити не покажуваат слабости. Дополнително, во следното коло Арсенал ќе се соочи со сериозен предизвик кога на домашен терен ќе го пречека Њукасл, кој исто така се бори за место во Лигата на шампионите.




