Во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа Молитва за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс. Овој собир е дел од програмата пред централниот комеморативен настан што ќе се случи во НУЦК „Бели мугри“. На молитвата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Дафкова, премиерот Христијан Мицкоски, Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кочани, како и родители на загинатите.




