(Видео) МВР објави информации за падот на параглајдерот во Охрид кој удри во канделабер: двајца патници биле во леталото, нема повредени.

Параглајдер со двајца патници заврши на пешачка патека во Охрид, при што е урната и електрична канделабра, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот е пријавен на 26 април во 21:05 часот, а инцидентот се случил околу 14:00 часот близу каналот „Студенчишта“.

Според информациите од МВР, во СВР Охрид е пријавено дека две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека по што паднале на плочникот. При падот, дел од опремата ја закачила уличната инфраструктура. Една од компонентите на параглајдерот ја погодила електричната канделабра која била поставена во централниот дел на патеката, предизвикувајќи нејзино скршување и паѓање на пешачката лента.

Од полицијата потврдуваат дека во моментов нема пријава за повредени лица. Во соработка со јавниот обвинител, ќе се преземат мерки за расчистување на овој инцидент.