(Видео) Нови информации: Жената од Гостивар убиена со пиштол, пред да ја закопаат во јамата.

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атарот на селото Неготино, заврши. Според првичните наоди, таа е лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите кои се подигнати од повеќе локации, а паралелно се спроведуваат и претреси, како и други истражни дејствија, со цел полна расветла на случајот.

Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, а јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица.

Случајот излезе на виделина откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, изврши увид на теренот каде што беше пронајдено телото на неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомнителните околности, за жената која претходно била пријавена за исчезната, беше наредена обдукција, идентификација на телото и прибирање материјални докази од лице место.

Прочитајте и:  (Видео) Сан Антонио е на чекор од финалето на конференцијата

Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни активности, по што за едно лице беше определен краткотраен притвор за обезбедување докази, додека другое лице беше задржано за дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.

ВИДЕО ОД ПРОНАЈДОК: