На социјалната мрежа „Тик-Ток“ е објавено видео од пожарот во модуларната болница во Тетово кој однесе 14 животи. Се работи за снимка од една од безбедносните камери, која покажува како за само 3 минути страотниот пожар ја проголта целата модуларна болница.
На снимката се забележани и почетните моменти од пожарот, како и обидите на медицинскиот персонал, но и други лица од надвор, да извлечат што повеќе пациенти преку прозорците.