(Видео) Папата Лав XIV со деца ја повтори популарната „6-7“, снимката стана хит

Папата Лав XIV се вклучи во популарниот TikTok тренд познат како „6-7“ за време на средбата со деца на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Снимката од овој забавен момент ја сподели италијанскиот свештеник и инфлуенсер Дон Роберто Фишер, по што видеото стана хит на социјалните мрежи.

На видеото се забележува како група деца ја изговараат фразата „6-7“ и при тоа прават специфични движења со рацете, а папата им се придружува, повторувајќи ги истите движења. Трендот „6-7“ е особено популарен меѓу младите на TikTok и претставува интернет-мем, кој не носи конкретно значење, туку се базира на повторување на фразата и ритмички движења.

На овој интересен момент реагираше и американскиот политичар Кристофер Хејл, кој на платформата Икс напиша дека папата Лав XIV „има значајно културно влијание“. Папата Лав XIV, роден како Роберт Превост во Чикаго, е првиот американски папа во историјата на Католичката црква.