(Видео) Павловиќ со гол, Милан триумфираше над Торино

Фудбалерите на Милан остварија значајна победа на домашниот терен против Торино, со резултат 3:2 во натпреварот од 30. коло на италијанската Серија А.

Избраниците на Макс Алегри во овој меч се приближија до шампионската титула и ги задржаа шансите во трката со Интер.

Неочекувано, клучна улога во овој натпревар имаше српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ, кој во првото полувреме постигна одличен гол, а потоа направи пенал во вториот дел, кој, за среќа, не ја смени судбината на натпреварот.

Во 37. минута, Павловиќ уфрли еден од најубавите голови на сезоната, испраќајќи топка во мрежата на Торино. Но, само седум минути подоцна, Џовани Симеоне, најстариот син на познатиот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, погоди за изедначување.

Прочитајте и:  (Видео) Вемби трагичар: Њујорк со нова предност од 2-0

Милан брзо реагираше во второто полувреме, со головите на Рабио во 54. и Фофана во 56. минута, што им ја донесе победата.

Конечниот резултат, 3:2, го постави Влашиќ со пенал во 84. минута.

Foto/ EPA