ВИДЕО| Портрет на Тјуринг, дело на робот со вештачка интелигенција, продаден за речиси милион евра


Портретот на Алан Тјуринг нацртан од робот достигна цена од повеќе од 960.000 евра на наддавање на аукциската куќа Sotheby’s.

Робот „Ai-Da Robot“, именуван по Ада Лавлејс (Августа Ада Кинг, грофица од Лавлејс), која се смета за првата компјутерска програмерка, е првиот робот-уметник чие дело е продадено во олема аукциска куќа.

Ултрареалистичниот робот дизајниран да изгледа како жена е создаден од тим предводен од Ејдан Мелер. Ai-Da има камери во очите и користи вештачка интелигенција за цртање, сликање и вајање.

Се очекуваше неговото дело високо 2,2 метри изработено со помош на алгоритми за вештачка интелигенција да достигне цена меѓу 120 и 180 илјади евра, но на крајот беше продадена за повеќе од 960 илјади евра.

Сликата го прикажува Алан Тјуринг, британскиот научник кој се смета за татко на модерните компјутери.

Ai-Da веќе ги нацрта главните изведувачи на музичкиот фестивал Гластонбери пред две години: Били Ајлиш, Дајана Рос, Кендрик Ламар и Пол Макартни.

Истата година, роботот ја наслика и британската кралица во пресрет на нејзиниот платинест јубилеј.

- Реклама -