Премиерот Мицкоски најавува поевтинување на горивата
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека од утре цените на горивата ќе се намалат. Според ветувањата на владата, Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука со која цената на бензините и дизелот ќе падне за околу денар и половина. Тој истакна дека и понатаму важи договорениот попуст со компанијата ОКТА, при што дизелот ќе биде поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари. Мицкоски оцени дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.
„Очигледно е дека мерките на Владата имаа позитивен ефект, па така сме трета земја во Европа по обемот на реализирани мерки за ублажување на енергетската криза, што доведе до тоа да имаме најниски цени на горива. Ова го потврдува и Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата реагирала навремено на енергетските предизвици и прилагодила мерките на глобалните движења на цените преку алатки како што се ДДВ и акцизите. Исто така, ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.
„СДСМ неуморно лажеше за мигрантите, тврдејќи дека ќе банкротираме и дека нема да имаме средства за пензии. Па така, некоректно изјавија и за мерките што ги применивме. Ние бевме подготвени да се справиме со енергетската криза, која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд, ние сме на трето место во Европа“, додаде Мицкоски.




