Фудбалерите на Милан успеаја да направат неверојатен пресврт и го победија Торино со 3:2 на гостински терен во 14. коло од Серија А.
Торино, со првото полувреме, имаше предност од 2:0, но Милан демонстрираше сила во вториот дел и дојде до победата.
Домашниот тим поведе во 10-та минута, кога Никола Влашиќ прецизно реализираше пенал за 1:0.
Само седум минути подоцна, Дуван Запата ја удвои предноста со гол, асистиран од Влашиќ.
Милан успеа да врати гол во 52-та минута благодарение на Адриен Рабио, кој погоди по прецизното додавање на Фикајо Томори.
Кристијан Пулишиќ, кој влезе во игра во 66-та минута, за само една минута успеа да израмни на 2:2.
Потоа, во 77-та минута, американскиот интернационалец повторно беше прецизен, донесувајќи му на Милан конечни 3:2.
Милан моментално е на првото место во Серија А со 31 бод, до толку колку што има и Наполи, а Интер е зад нив со бод помалку. Торино се наоѓа на 16-та позиција со 14 бода.
Фото/ freerangestock




