ВИДЕО: Путин посети камп за обука на мобилизирани војници и пукаше со снајпер

Рускиот претседател Владимир Путин, заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, денеска ги посетиле мобилизираните војници кои се на обука во Рјазанската област, за да ја провери борбената готовност на резервистите за извршување на борбени дејства во „специјалната воена операција“ во Украина, вклучително и дел од опремата, соопшти руското МО, пренесува порталот „Мондо“.

Во мултифункционалниот стрелачки комплекс, каде се одржува обуката за огнено оружје, Путин, кој на 7 месецов наполни 70 години, решил и тој самиот да ја покаже својата вештина, пукајќи со снајперска пушка СВД. Снимката од тие моменти, со оглед на контекстот во кој се случува, брзо се прошири во Русија и, очигледно, многу подалеку.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

- Реклама -