Богата торта со чоколадо, ресана колачи, пишкоти и сок од портокал. Веројатно заради богатите состојки го добила името Бинго.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво подгответе ги филовите, за да има време да се изладат пред филување. Изматете го путерот со шеќерот во прав.
За подготовка на првиот фил измелете ги бисквитите и додадете го сокот од портокал. Додавајте го постепено за да добиете убава смеса. Потоа додадете половина од изматениот путер со шеќерот во прав и убаво соединете.
Чекор 2: На оган ставете 700 милилитри млеко, а во преостанатото разматете ги пудинзите. Кога ќе зоврие млекото додадете ги разматените пудинзи. Оставете го да се олади и во оладениот пудинг додадете половина од изматениот путер со шеќер во прав и соединете ги. Поделете го филот на два дела. Растопете чоколадо за готвење на пареа и додајте го во едниот дел.
Чекор 3: Рерната загрејте ја на 180 степени. Измелете ги оревите.
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот за тестото. Кога волуменот ќе се зголеми додадете го маслото, просеаното брашно, какаото и оревите. Смесата истурете ја во Ростерот и печете 20 минути. По печењето извадете го тестото од тавата и оставете да се излади.
Чекор 4: Филувањето направете го по следниот редослед:
Започнете со тесто, над него првиот фил со бисквити, ресана колачите во 4 реда, па над нив филот од чоколадо.
Потоа се на ред пишкотите кои прво ќе ги натопите во сок од портокал.
На крај премачкајте го жолтиот фил.
Чекор 5: Изматете слатка павлака, па премачкајте ја и декорирајте ја тортата по желба.
СОВЕТ: Оставете да отстои неколку часа во фрижидер, а потоа сервирајте, за да може да исечете убави парчиња. Оваа торта е Бинго за секоја голема прослава.