Видео рецепт: Посни Американски палачинки

Фичо ќе направи посни Американски палачинки со пченкарно брашно.


Чекор 1:
Во сад измешајте го меленото ленено семе со водата и оставете ги да отстојат 10 минути.ПодготовкаScreenshot_1

Чекор 2: Во друг сад измешајте ги сувите состојки, пченкарното и белото брашно, прашакот за пециво, содата, солта и кората од лимон.

Чекор 3: Во трет сад измешајте ги течните состојки, сокот од лимон, медот и јаворовиот сируп со растителното млеко.

Чекор 4: Сите состојки измешајте ги и додадете им 3 лажици масло за убаво да се спојат. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 5: Загрејте ја Тавата за палачинки на ниска температура и печете околу 1 минута.

Чекор 6: Сервирајте со мед, јаворов сируп или чоколаден прелив како засладувач, со овошје и јатки по желба.

СОВЕТ: Внимавајте да не ставите премногу сода, бидејќи така палачинките ќе горчат.

- Реклама -