Видео рецепт: Посни чоколадни ванилици

Весна ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти. 

Посни Ванилици, чоколадирани со темно чоколадо, споени со џем од вишни.

recept

Подготовка

Чекор 1: Замесете глатко тесто од сите состојки. Развлечете кора и вадете форми по желба. Имајте во предвид дека ќе се рашират. Нам ни излегоа 20 парчиња.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 10 минути, додека малку заруменат. Оставете ги да се изладат.

Чекор 2: Чоколадото стопете го на пареа со малку масло. Половина од колачињата потопете ги во чоколадото и оставете да се излади и стегне.

Чекор 3: Спојувајте ги колачињата – едно суво, едно чоколадно – со џем или мармалад по желба.

Прочитајте и:  Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel

СОВЕТ: Ние користевме џем од вишни кој го освежува рецептот со својот киселкаст вкус.

- Реклама -